Денеска во Општина Теарце беше отворена детската градинка „Фољеја“, прва јавна установа за предучилишно воспитание и образование во оваа општина. Објектот има капацитет да прими 147 деца.

Изградбата на градинката чинела нешто повеќе од 800.000 евра, при што најголем дел од средствата се обезбедени од Европската унија, информира „Слободен Печат“.