Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека од 5 октомври започна исплатата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита за месец септември. Корисниците со дебитна картичка можат да ги подигнат средствата на банкоматите, да плаќаат безготовински или преку електронско и мобилно банкарство.
Корисниците без картички можат да ги подигнат парите во отворените филијали и експозитури на банките. Министерството посочи дека подготовките за исплата на родителскиот додаток за трето дете се во тек и ќе се реализираат во наредниот период.
