Според податоците на Министерството за образование, во последните две децении бројот на ученици во Македонија е намален за 28%, а само во последните седум години се изгубени 17.000 ученици. Во исто време, бројот на наставници се зголемил за 46%.
УНИЦЕФ во својата анализа апелира дека нема одлични ученици без одличен наставен кадар и нагласува потребата од поголеми инвестиции во образовниот персонал за подобрување на квалитетот на образованието во земјата.
